Прашањата кои сакав Чомовски да и ги постави на министерката за култура во вечерашните
вести на А1:- Велите дека процесот на осмислување на центарот на градот е отворен за нови иницијативи. Што значи тоа? Од каков тип може да бидат иницијативите и кој може да ги дава?
- Како точно ќе тече процесот на доосмислување на новиот плоштад? До кога граѓаните ќе можат да даваат предлози за измена на плоштадот и каде?
- Како точно е одразен мултиетничкиот карактер на државата во културните политики кои вие ги спроведувате? Колку проекти (со бројки) се финансирани за културата на етничките заедници на Албанците, Ромите, Турците, Власите итн. во 2009?
- Како е одразен родовиот аспект во решенијата (спомениците) понудени за центарот на Скопје?
- Го претставувате концептот за центарот на Скопје како заедничко решение/идеја на Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар. Зошто се дистанцирате од контроверзни прашања и ја префрлате одговорноста на општината - како на пример за тоа кој и како одлучува за изборот на спомениците во градот?
- Во врска со Енциклопедијата издадена од МАНУ, како може таква публикација да се испечати со пари од Министерството за култура? Зарем нема Министерството процедури на контрола на квалитетот на културните производи за коишто дава пари и процедури на отчетност на „грантистите“ на кои има дава средства? Зарем не добива Министерството нацрт-верзија на книгата пред да се печати?
- Зарем е доволно тоа што сте ја добиле деовербата на народот согласно вашата понудена предизборна програма за да не дозволите/понудите јавна дебата за проектите од програмата? Зарем не сметате дека штом веќе ја имате довербата од граѓаните дека тогаш може само да добиете подобар/збогатен концепт за центарот на градот?