Радмила Шеќеринска со тоа што го обвинува Никола Груевски дека се крие од женски фустан ги користи патријархалните стеротипи за слаба жена и јак (мачо) маж.
Бидејќи Груевски одбива т.е. „бега“ од дуелот, Шеќеринска со пораката ја поткопува неговата машкост и го прави во очите на јавноста слаб, немажествен односно некадарен да се справи со предизвиците во политиката.
Овој рекламен трик служи само повторно да се зајакне стереотипот дека во политиката има место само за мажите („јунаци“), а не дека е тоа место за рамноправно разменување на идеи и ставови меѓу мажите и жените.
И мажите и жените се луѓе. Луѓето се политички суштества. Следствено, и жените, како и мажите, имаат неотуѓиво право за учество во политиката, како простор каде се решаваат и нивните судбини.
Изборот на кандидат, треба да се врши врз основа на личните способности и волјата за работа, а не врз основа на модата т.е. дали некој носи фустан или панталони.
Friday, May 23, 2008
Subscribe to:
Posts (Atom)