Friday, May 23, 2008

Фустанот на Шеќеринска

Радмила Шеќеринска со тоа што го обвинува Никола Груевски дека се крие од женски фустан ги користи патријархалните стеротипи за слаба жена и јак (мачо) маж.

Бидејќи Груевски одбива т.е. „бега“ од дуелот, Шеќеринска со пораката ја поткопува неговата машкост и го прави во очите на јавноста слаб, немажествен односно некадарен да се справи со предизвиците во политиката.

Овој рекламен трик служи само повторно да се зајакне стереотипот дека во политиката има место само за мажите („јунаци“), а не дека е тоа место за рамноправно разменување на идеи и ставови меѓу мажите и жените.

И мажите и жените се луѓе. Луѓето се политички суштества. Следствено, и жените, како и мажите, имаат неотуѓиво право за учество во политиката, како простор каде се решаваат и нивните судбини.

Изборот на кандидат, треба да се врши врз основа на личните способности и волјата за работа, а не врз основа на модата т.е. дали некој носи фустан или панталони.

3 comments:

mirjana56 said...

Многу ме бендиса. Мислам дека можат да се направат навистина многу интересни анализи на пораките што се испраќаат преку политичките пропагандни спотови и платени (и неплатени)презентации.

Ванчо said...

Можеби мајндсетот на оние на кои Шеќерка им се обраќа е токму таков.
Од една десничарска партија (додуша, водена со hard-line комунистички методи), составена од наводни „патријархални“ и „длабоко посветени на бога“ типови, и не може да се очекува друга реакција освен да се испрсат, да се намрштат и, со строг поглед, да рикнат: „Сега ќе видиш мори ти кој е маж!“.

Kika said...

Токму тоа е изненадувачко, што таа сега се повикува на тој светоглед, а досега со своите постапки и изјави промовираше родова рамноправност.