Првиот случај беше оној на Рената Матеска, новинарка во „Македонско сонце“ која во 2006 година беше сменета од местото главен и одговорен уредник на списанието поради бременоста. Сега, Катерина Шехтанска ја обвинува Македонска телевизија дека не и се дозволува да работи поради тоа што е трудна. (Не знам зошто само морала да се слика полугола за „Вест“?!?)
Случајот на Матеска стигна и до Собранието на Република Македонија (pdf, стр.24-25) при што одговорот на пратеничкото прашање поставено од Благородна Мингова Крепиев од страна на тогашниот министер за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски, е формален и во суштина неодреден. Новинарката сега работи за друг медиум. Вториот случај е посебно интересен токму поради тоа што се работи за државна медиумска куќа, па ме интересира како ќе заврши.
Знам дека во бизнис секторот често се случуваат вакви нешта, но знам и дека ретко која жена се одлучува да реагира особено што дискриминацијата на работното место тешко се докажува, а работодавците знаат да користат софистицирани методи на принуда.
Дали знаете за други вакви случаи и дали некои од нив добиле судска разрешница?
(Извор на сликата: Pregnancy Tips)
1 comment:
здраво од шехтанска_мозе поопширно да образлозам,а сигурно ке има разрешница затоа што поднесов тузба,а тоа што се сликав не бесе наменето за вест и воопшто не се срамам,нема нисто вулгарно ни голо в0 тоа.Сепак ми е мило ако ми дадете подршка,затоа што има усте слуцаи за време на оваа кампања само никој не им дал простор,а мене после интервјуто ми се обратија-се надевам ке исконтактираме некако?????поздрав Катерина ШЕХТАНСКА
Post a Comment