Конечно некој да ја каже вистината за „македонската книжевност“, (текстот на Јасна Котеска во Глобус) она коешто генерации ученици потсвесно го знаеја ама се плашеа јавно да го кажат – дека е досадна, дури и глупава и затоа сосила се чита.
Секоја чест на неколкуте исклучоци кои исто така верувам сите потсвесно си ги знаеме и кога зборуваме за книжевноста во Македонија мислиме токму на нив. Лелеееее колку страдавме во средно, па богами некои и на факултет.
И таман зафрлените книги на македонските велики дејци кои собираа прашина во книжарницата на Култура преку мост (до МБУЦ „Илија Николовски Луј“) се испродадоа за ситни пари, ете ти ја Владата пак сите ќе ги печатела. Брее немало спас од тие сега веќе академици, издавачи, претседатели на друштва на писатели и разни други организации, тела, комисии и што ли уште не. Кога не те читаат и никој не те печати, ете ти решение, кукај пред Влада за да те спаси. Арно како млекарите, кои го истураат млекото на улица секоја година, и тие не излегоа надвор да ги фрлаат книгите во знак на протест оти никој не им ги купува,а уште помалку чита.
Sunday, February 1, 2009
Семејството на ТВ АЛФА
На емисијата Кинооко на ТВ Алфа емитувана вечерва чијашто тема беше семејството, една од гостите, Марија Савова, убаво праша зошто секогаш одговорноста за репродукцијата на нацијата паѓа врз грбот на жената. Уште објасни и дека семејството не се гради со стратегии за зголемување на населението туку со обезбедување на услови за развој и благосостојба на сите поединци во општеството.
Браво Марија, чиста спротивност на тетките од Битола кај Јанко.
Браво Марија, чиста спротивност на тетките од Битола кај Јанко.
Subscribe to:
Posts (Atom)