Конечно некој да ја каже вистината за „македонската книжевност“, (текстот на Јасна Котеска во Глобус) она коешто генерации ученици потсвесно го знаеја ама се плашеа јавно да го кажат – дека е досадна, дури и глупава и затоа сосила се чита.
Секоја чест на неколкуте исклучоци кои исто така верувам сите потсвесно си ги знаеме и кога зборуваме за книжевноста во Македонија мислиме токму на нив. Лелеееее колку страдавме во средно, па богами некои и на факултет.
И таман зафрлените книги на македонските велики дејци кои собираа прашина во книжарницата на Култура преку мост (до МБУЦ „Илија Николовски Луј“) се испродадоа за ситни пари, ете ти ја Владата пак сите ќе ги печатела. Брее немало спас од тие сега веќе академици, издавачи, претседатели на друштва на писатели и разни други организации, тела, комисии и што ли уште не. Кога не те читаат и никој не те печати, ете ти решение, кукај пред Влада за да те спаси. Арно како млекарите, кои го истураат млекото на улица секоја година, и тие не излегоа надвор да ги фрлаат книгите во знак на протест оти никој не им ги купува,а уште помалку чита.
Sunday, February 1, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment