На
Солунскиот фестивал на документарен филм што се одржа од 7 до 16 март 2008 г. меѓу многуте филмови беше прикажан и
„Развод на албански начин“ (Divorce Albanian Style) од бугарската режисерка Адела Пеева. Филмот зборува за судбината на илјадници семејства коишто биле присилно разделени од тоталитарниот режим на Енвер Хоџа. 1961 година тој ги раскинува односите со Советскиот сојуз и албанските мажи кои биле женети со жени од земјите од бившиот источен блок се интернирани, измачувани, а некои од нив и протерани. Во филмот се зборува за три такви двојки.
Технички филмот е под просек и потсетува на социјалистичките документарци, со лоша музика и монтажа, но она што е најинтересно е дека режисерката успеала да ги најде и луѓето коишто биле вклучени во хајката: судии, чувари во затворот и слично, кои ден денес слободно живеат во Тирана.
Полициските досијеа на граѓаните во Албанија сè уште не се отворени, но таа успеала да ги најде за овие три конкретни случаи. Ова поттикнува на размислување и за слични вакви случаи во бивша Југославија и за прашањето за лустрацијата во Македонија.
1 comment:
Незнам како и што се се правело во Албанија, или во други „Комунистички“ земји на Блаканот во тогашно време, но мислам баш дека не е тоа точно, Барем во СФР Југославија не беше така. Колку мешани бракови имаше па се беше во најдобар ред се до 1990 година. А зошто никој не снима филм и да се кажи како се измачувани црнците во „демократска“ Америка (оние кои биле во брак со жени од бела раса). На некои од нив дури и му се пресечени мадината. Само тоа е демократија а овде беше комунизам кој полека изумира и сега сите по комунистите. Нека некој не мисли дека јас сум комунистички настроен ама дајте да ја согледаме вистината и да се кажи каде е полошо, дали во Америка или во тогашна СФРЈ да видиме една споредба која држава имаше подобар систем за здравство, образование, вработување и ред други работи. И пак ќе речам не ме интересира како се живеело во Албанија, Рманија, Бугарија или Русија, знам како се живееше во СФРЈ.
Post a Comment