Tuesday, November 18, 2008

Родова дискриминација на работното место: МТВ

По речиси две години повторно во јавноста излегува обвинување на една вработена жена за дискриминација на работното место поради бременост.

Првиот случај беше оној на Рената Матеска, новинарка во „Македонско сонце“ која во 2006 година беше сменета од местото главен и одговорен уредник на списанието поради бременоста. Сега, Катерина Шехтанска ја обвинува Македонска телевизија дека не и се дозволува да работи поради тоа што е трудна. (Не знам зошто само морала да се слика полугола за „Вест“?!?)

Случајот на Матеска стигна и до Собранието на Република Македонија (pdf, стр.24-25) при што одговорот на пратеничкото прашање поставено од Благородна Мингова Крепиев од страна на тогашниот министер за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски, е формален и во суштина неодреден. Новинарката сега работи за друг медиум. Вториот случај е посебно интересен токму поради тоа што се работи за државна медиумска куќа, па ме интересира како ќе заврши.

Знам дека во бизнис секторот често се случуваат вакви нешта, но знам и дека ретко која жена се одлучува да реагира особено што дискриминацијата на работното место тешко се докажува, а работодавците знаат да користат софистицирани методи на принуда.

Дали знаете за други вакви случаи и дали некои од нив добиле судска разрешница?

(Извор на сликата: Pregnancy Tips)

Пример за владина пропаганда

Го препорачувам следниов цртан филм. Нешто многу ме потсетува на кампањите на актуелнава влада.

Monday, November 17, 2008

Македонија назадува по прашањето на родовата еднаквост

ТВ Алфа во вестите објави дека:
Според истражувањето на Светскиот економски форум Македонија паднала на листата според рамноправноста на жените...

Од извештајот (pdf) се гледа дека Македонија бележи пад уште од 2006 година кој продолжува сè до 2008. Во 2006 била на 27 место, во 2007 на 35, а оваа година на 53.

Македонија и Хрватска се посебно истакнати како земји со најголем степен на назадување во Европа за разлика од, да речеме, Полска која се искачила 11 места како резултат на напредокот во процентот на жени меѓу законодавците, високите функционери, раководителите и министрите.

Реакција на текстот „Беседа против абортусот“

Со оглед на тоа дека реакциите на Акција Здруженска објавена на нивниот веб-сајт, на Жарко Трајаноски во неговата колумна во Дневник, писмaтa на Катерина Колозова и Деспина Ангеловска исто така објавени во Дневник и реакцијата / писмо на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ги одразуваат моите ставови по повод ова прашање се воздржувам од дополнителен коментар и ги пренесувам линковите до овие текстови заради поголема видливост.

Новороденото бебе

Ова ме потсети на првите денови од доаѓањето на бебето дома.