Monday, November 17, 2008

Реакција на текстот „Беседа против абортусот“

Со оглед на тоа дека реакциите на Акција Здруженска објавена на нивниот веб-сајт, на Жарко Трајаноски во неговата колумна во Дневник, писмaтa на Катерина Колозова и Деспина Ангеловска исто така објавени во Дневник и реакцијата / писмо на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ги одразуваат моите ставови по повод ова прашање се воздржувам од дополнителен коментар и ги пренесувам линковите до овие текстови заради поголема видливост.

Новороденото бебе

Ова ме потсети на првите денови од доаѓањето на бебето дома.

Friday, May 23, 2008

Фустанот на Шеќеринска

Радмила Шеќеринска со тоа што го обвинува Никола Груевски дека се крие од женски фустан ги користи патријархалните стеротипи за слаба жена и јак (мачо) маж.

Бидејќи Груевски одбива т.е. „бега“ од дуелот, Шеќеринска со пораката ја поткопува неговата машкост и го прави во очите на јавноста слаб, немажествен односно некадарен да се справи со предизвиците во политиката.

Овој рекламен трик служи само повторно да се зајакне стереотипот дека во политиката има место само за мажите („јунаци“), а не дека е тоа место за рамноправно разменување на идеи и ставови меѓу мажите и жените.

И мажите и жените се луѓе. Луѓето се политички суштества. Следствено, и жените, како и мажите, имаат неотуѓиво право за учество во политиката, како простор каде се решаваат и нивните судбини.

Изборот на кандидат, треба да се врши врз основа на личните способности и волјата за работа, а не врз основа на модата т.е. дали некој носи фустан или панталони.

Thursday, March 27, 2008

Вистината за бременоста


Види стрип.

Tuesday, March 25, 2008

Прозорец кон НАТО

Следнава парола беше поставена на прозорецот од една зграда во центарот на Скопје.

Зграда во центарот на Скопје со реклами и една парола поставена на прозорец.
Парола: Дали НАТО и Европа ја сакаат Македонија без Македонци.

Sunday, March 23, 2008

„Развод на албански начин“ (Divorce Albanian Style)

На Солунскиот фестивал на документарен филм што се одржа од 7 до 16 март 2008 г. меѓу многуте филмови беше прикажан и „Развод на албански начин“ (Divorce Albanian Style) од бугарската режисерка Адела Пеева. Филмот зборува за судбината на илјадници семејства коишто биле присилно разделени од тоталитарниот режим на Енвер Хоџа. 1961 година тој ги раскинува односите со Советскиот сојуз и албанските мажи кои биле женети со жени од земјите од бившиот источен блок се интернирани, измачувани, а некои од нив и протерани. Во филмот се зборува за три такви двојки.



Технички филмот е под просек и потсетува на социјалистичките документарци, со лоша музика и монтажа, но она што е најинтересно е дека режисерката успеала да ги најде и луѓето коишто биле вклучени во хајката: судии, чувари во затворот и слично, кои ден денес слободно живеат во Тирана.

Полициските досијеа на граѓаните во Албанија сè уште не се отворени, но таа успеала да ги најде за овие три конкретни случаи. Ова поттикнува на размислување и за слични вакви случаи во бивша Југославија и за прашањето за лустрацијата во Македонија.

Грчки леток за името

Во саботата на 15 март 2008 тротоарот на кејот во Солун беше преплавен со овој леток, намерно темпиран на денот за шопинг-тури од Скопје. Во деновите пред 15 немаше ваква најава:


Превод:
Отпор кон распродажбата на Македонија
Солун недела 16 март 19:00 часот
Плоштад Света Софија
www.patriwtes.gr