Tuesday, November 18, 2008

Родова дискриминација на работното место: МТВ

По речиси две години повторно во јавноста излегува обвинување на една вработена жена за дискриминација на работното место поради бременост.

Првиот случај беше оној на Рената Матеска, новинарка во „Македонско сонце“ која во 2006 година беше сменета од местото главен и одговорен уредник на списанието поради бременоста. Сега, Катерина Шехтанска ја обвинува Македонска телевизија дека не и се дозволува да работи поради тоа што е трудна. (Не знам зошто само морала да се слика полугола за „Вест“?!?)

Случајот на Матеска стигна и до Собранието на Република Македонија (pdf, стр.24-25) при што одговорот на пратеничкото прашање поставено од Благородна Мингова Крепиев од страна на тогашниот министер за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски, е формален и во суштина неодреден. Новинарката сега работи за друг медиум. Вториот случај е посебно интересен токму поради тоа што се работи за државна медиумска куќа, па ме интересира како ќе заврши.

Знам дека во бизнис секторот често се случуваат вакви нешта, но знам и дека ретко која жена се одлучува да реагира особено што дискриминацијата на работното место тешко се докажува, а работодавците знаат да користат софистицирани методи на принуда.

Дали знаете за други вакви случаи и дали некои од нив добиле судска разрешница?

(Извор на сликата: Pregnancy Tips)

1 comment:

Anonymous said...

здраво од шехтанска_мозе поопширно да образлозам,а сигурно ке има разрешница затоа што поднесов тузба,а тоа што се сликав не бесе наменето за вест и воопшто не се срамам,нема нисто вулгарно ни голо в0 тоа.Сепак ми е мило ако ми дадете подршка,затоа што има усте слуцаи за време на оваа кампања само никој не им дал простор,а мене после интервјуто ми се обратија-се надевам ке исконтактираме некако?????поздрав Катерина ШЕХТАНСКА